последно ажурирање: 01.09.2026
Во Momcozy Македонија внимателно се однесуваме кон личните податоци што ни ги доверувате.
Оваа Политика за приватност објаснува кои лични податоци можеме да ги обработуваме кога ја посетувате www.momcozy.com.mk, купувате производ, креирате нарачка, нè контактирате или користите некоја од услугите на нашата веб-страница, зошто ги користиме, со кого можеме да ги споделиме и кои права ги имате.
Наша цел е да собираме само податоци што навистина ни се потребни и да ги користиме само за јасно определени цели.
i) КОЈ ГИ ОБРАБОТУВА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Контролор на личните податоци е:
Друштво за трговија и услуги ХАГА ГРОУП ДОО Скопје
Официјален увозник и дистрибутер на Momcozy за Македонија
Адреса: ул. Перо Наков бр. 31, 1000 Скопје
ЕМБС: 7957254
ЕДБ: 4080026641878
E-mail: info@momcozy.com.mk
Телефон: +389 75 944 644
Web: www.momcozy.com.mk
Во понатамошниот текст од оваа Политика за приватност, контролорот ќе се нарекува “Momcozy Македонија“ или “ние“.
ii) КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ?
Личните податоци што ги обработуваме зависат од тоа како ја користите нашата веб-страница.
Со купувањето на производ преку Momcozy Македонија, вие склучувате договор за купопродажба на производи со Momcozy Македонија на далечина. За потребите на склучувањето и извршувањето на договорот (вклучувајќи испорака на производи, потврди за купени производи, како и други документи поврзани со купопродажниот договор), Вие ни ги доставувате следниве лични податоци:
Во случај да не ни ги дадете наведените Лични податоци, нема да можеме да го овозможиме склучувањето и извршувањето на договорот за купопродажба на производи, кој вклучува и издавање потребна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања, а во врска со извршениот промет на стоки и услуги.
Целта заради која ги обработуваме горенаведените лични податоци е склучување и извршување на договорот за купопродажба на производи.
Кога плаќате со платежна картичка, плаќањето се реализира преку платежниот систем интегриран на нашата веб-продавница.
Ние откриваме одредени лични податоци на ПРОКРЕДИТ Банка АД Скопје, со седиште во Скопје, ул. Манапо бр. 7, ЕМБС: 5774136 („Банката“), која постапува како посебен и независен контролор на личните податоци. Врз основа на договор за електронска трговија, Банката, како давател на платежни услуги, ни обезбедува онлајн платежен портал за примање плаќања од купувачите со кредитни и дебитни картички од брендовите Visa International и Master International, издадени од која било банка.
Бројот на платежната картичка и бројот CVV2 или CVC не се обработени од Momcozy Македонија во никој случај.
Ние можеме да добиеме информации поврзани со самата трансакција, како што се нејзиниот статус, износот и податоци потребни за евидентирање и реализација на нарачката.
При посета на веб страната на Momcozy Македонија, веб-странaта може да обработува лични податоци: на пример IP адреса во серверските записи, во зависност од прифатените поставки и идентификатори од колачињата. Повеќе информации за ова може да добиете во Политиката за колачиња.
iii) ЗОШТО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци ги обработуваме само кога за тоа постои соодветна основа и конкретна цел и правен основ за обработка на личните податоци и тоа:
Податоците ги користиме за:
Оваа обработка е неопходна за реализација на договорот за купопродажба на производи со Momcozy Македонија на далечина.
Личните податоци ги обработуваме и чуваме кога сме должни да го правиме тоа согласно даночните, сметководствените, потрошувачките и другите применливи прописи.
Кога ни се обраќате со прашање или проблем, ги користиме доставените информации за да ви одговориме, да го провериме случајот и, кога е потребно, да организираме поправка, замена, рефундација или друго соодветно решение, врз основ на склучениот договор за купопродажба на производи од Momcozy Македонија.
Можеме да обработуваме одредени технички податоци заради безбедност на веб-страницата, откривање злоупотреби и технички проблеми и одржување на стабилноста на системот.
iv) NEWSLETTER, ПРОМОЦИИ И ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Маркетинг пораки по e-mail, SMS, Business Viber/Whatsapp или друг директен канал ќе ви испраќаме само доколку сте дале соодветна согласност за тоа.
Вашата согласност е доброволна и не е услов за купување производ.
Можете во секое време да ја повлечете согласноста:
Повлекувањето на согласноста нема да влијае на обработката што законски била извршена пред нејзиното повлекување.
v) СО КОГО МОЖЕМЕ ДА ГИ СПОДЕЛИМЕ ПОДАТОЦИТЕ?
Вашите податоци не ги споделуваме на трети лица.
За нормално функционирање на нашата продавница, одредени податоци може да бидат достапни на компании што ни обезбедуваат услуги потребни за реализација на купувањето или функционирањето на бизнисот.
Тоа може да вклучува:
На овие лица им се даваат само податоците што се потребни за конкретната услуга.
Одредени податоци можеме да доставиме и до надлежен државен орган, суд или друга институција кога тоа е наша законска обврска.
vi) ДОСТАВА НА НАРАЧКАТА
На курирските служби им откриваме и одредени лични податоци (име и презиме, адреса за испорака/примање на производот, мобилен/фиксен телефонски број), за да овозможиме реализација на склучениот договор за купопродажба на производи или остварување на Вашите законски права (право на повлекување од договорот и враќање на производот, остварување на права врз основа на прифатен приговор и сл.).
Во случај да сакате производот да биде испорачан на адреса која е различна од Вашата, ние ќе ги обработуваме следниве лични податоци на лицето на кое му се доставува производот, од кога вие ќе ги доставите до нас: име и презиме, адреса (ул. број на куќа, број на стан, град, поштенски број), број на мобилен/фиксен број).
vii) КОЛАЧИЊА И СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ
Нашата веб-страница може да користи колачиња и слични технологии.
Одредени колачиња се неопходни за веб-страницата правилно да функционира — на пример, за кошничката, безбедноста или завршувањето на нарачката.
За аналитички, маркетинг и други необврзувачки колачиња, кога тоа е потребно, ќе побараме ваша согласност пред тие да бидат активирани.
Можете да го промените вашиот избор преку „Поставки за колачиња“.
Подетални информации ќе најдете во нашата „Политика за колачиња“.
viii) СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ONLINE ОГЛАСУВАЊЕ
Momcozy Македонија е присутен на социјални мрежи како Facebook и Instagram и може да користи online рекламни и аналитички услуги.
Кога комуницирате со нас директно преку овие платформи, одредени лични податоци се обработуваат и согласно правилата и политиките на операторот на конкретната платформа.
Доколку на нашата веб-страница се користат маркетинг технологии поврзани со ваквите платформи, тие ќе се активираат во согласност со вашиот избор за колачиња и применливите правила за приватност.
ix) ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА
Ние немаме намера да пренесуваме лични податоци надвор од Европската Унија, во земја членка на НАТО или во Европскиот економски простор.
Во случај, да има потреба од таков пренос, истиот ќе се регулира со соодветно ниво на заштита согласно Законот за заштита на личните податоци на Репбулика Северна Македонија.
x) КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ПОДАТОЦИТЕ?
Личните податоци ги чуваме само онолку долго колку што е потребно за целта за која биле собрани, освен кога закон бара одредени документи или податоци да се чуваат подолг период.
На пример:
Кога податоците повеќе не се потребни и не постои обврска да ги чуваме, тие се бришат, анонимизираат или на друг начин соодветно се отстрануваат.
xi) КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
Применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, злоупотреба, губење, измена, откривање или уништување.
Пристап до личните податоци имаат само лицата на кои им се потребни за извршување на нивните работни задачи или договорени услуги.
Иако ниту еден информациски систем не може да гарантира апсолутна безбедност, настојуваме степенот на заштита да биде соодветен на природата на податоците и ризиците од нивната обработка.
xii) КОИ ПРАВА ГИ ИМАТЕ?
Во зависност од конкретната обработка и условите предвидени со закон, имате право да побарате:
За остварување на вашите права можете да ни пишете на: info@momcozy.com.mk
За да го заштитиме вашиот профил и податоци, во одредени ситуации може да побараме дополнителна информација неопходна за да го потврдиме идентитетот на лицето што го поднесува барањето.
На барањата ќе одговориме во рокот предвиден со важечките прописи.
xiii) ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вие имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци, ги прекршува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, притоа не доведувајќи ги во прашање кои било други управни или судски средства за правна заштита.
Сепак, ве охрабруваме прво да ни се обратите на info@momcozy.com.mk, за да можеме да го разгледаме вашето барање и, кога е можно, директно да го решиме проблемот.
xiv) ЛИНКОВИ КОН ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ
Нашата веб-страница може да содржи линкови кон други веб-страници или услуги.
Momcozy Македонија не управува со политиките за приватност на тие независни веб-страници. Ви препорачуваме да ја прочитате нивната политика за приватност пред да им доставите лични податоци.
xv) ПРОМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика може повремено да биде ажурирана поради промени во начинот на работа, функционалностите на веб-страницата, услугите што ги користиме или важечките прописи.
Актуелната верзија секогаш ќе биде објавена на www.momcozy.com.mk, со наведување на датумот на последното ажурирање.
xvi) КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
За прашања во врска со приватноста или обработката на вашите лични податоци:
e-mail: info@momcozy.com.mk
Телефон: +389 75 944 644
Адреса: ул. Перо Наков бр. 31, 1000 Скопје
Momcozy Macedonia🌸
Вашите податоци ги користиме внимателно, транспарентно и само кога се потребни.