Во Momcozy Macedonia сакаме купувањето да биде едноставно и сигурно и пред и по нарачката.
Доколку сте се премислиле за производ купен преку www.momcozy.com.mk, сте добиле погрешен или оштетен производ или сметате дека производот не е сообразен со договорот, во продолжение ќе ги најдете информациите за постапката за повлекување, враќање и рекламација.
Овие правила се однесуваат на производите купени директно преку www.momcozy.com.mk. За производ купен преку друг продажен партнер, потрошувачкиот приговор се поднесува кај трговецот наведен како продавач на сметката, фактурата или другиот доказ за купување.
i) ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ONLINE НАРАЧКА
Кога купувате преку www.momcozy.com.mk, склучувате договор на далечина. Како потрошувач имате право во рок од 14 дена да се повлечете од договорот без да наведете причина, освен во случаите кога правото на повлекување е исклучено согласно закон.
Услов за остварување на ова право е производот и оригинална амбалажата на соодветниот производ да се целосно неоштетени. Отворањето на оригиналната амбалажа не значи дека истата е оштетена.
Кај продажба на стоки, рокот по правило започнува од денот кога вие или трето лице определено од ваша страна, различно од доставувачот, физички ќе го примите производот. Кога производите од една нарачка се испорачуваат одделно, рокот се пресметува согласно закон од приемот на последната релевантна пратка.
За да го остварите правото на повлекување, потребно е пред истекот на рокот од 14 дена да нè известите за вашата одлука преку јасна и недвосмислена изјава дека се повлекувате од договорот на следниот е-mail за повлекување: info@momcozy.com.mk
Во известувањето препорачуваме да ги наведете:
По приемот на известувањето ќе ви ги доставиме потребните информации за практичното враќање на производот.
ii) ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ
По известувањето за повлекување од договорот, производот треба да ни го испратите или предадете без непотребно одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот кога сте нè известиле за повлекувањето. Рокот се смета за запазен доколку производот е испратен пред неговото истекување.
При повлекување од договорот, непосредните трошоци за враќање на производот ги сноси потрошувачот.
Производот треба да биде вратен во оригиналната, неоштетена амбалажа и соодветно спакуван за транспорт. Доколку производот и/или неговата оригинална амбалажа се оштетени, производот ќе му биде вратен на потрошувачот, а правото на повлекување од договорот нема да може да се оствари.
iii) ПРОИЗВОДИ КАЈ КОИ ПРАВОТО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ Е ИСКЛУЧЕНО
Законот предвидува повеќе случаи во кои правото на повлекување не се применува. За Momcozy производите особено е релевантен законскиот исклучок за оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, доколку се отворени по испораката.
Поради природата на дел од Momcozy производите и нивниот непосреден контакт со телото, брадавицата, мајчиното млеко или други чувствителни површини, кај одредени производи може да се применува овој исклучок доколку се исполнети законските услови.
⚠️Важно: Хигиенскиот исклучок не ги укинува правата за несообразен или неисправен производ.
Ограничувањето на правото на повлекување од хигиенски причини не значи дека потрошувачот ги губи своите законски права доколку производот е неисправен, оштетен, погрешно испорачан или не е сообразен со договорот.
iv) ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Кога правото на повлекување е уредно остварено, Momcozy Македонија ќе ги врати примените плаќања, без одлагање и најдоцна во законскиот рок од 14 дена од денот кога сме известени за одлуката за повлекување. Momcozy Македонија може да го одложи враќањето на средствата до приемот на уредно вратениот производ. За уредно вратен производ се смета производ кој е неоштетен и вратен во неоштетена оригинална амбалажа.
⚠️Напомена: Трошоците за испорака на производот од страна на Momcozy Македонија до потрошувачот, а кои се платени од потрошувачот, не се предмет на рефундација.
⚠️Напомена: Непосредните трошоци за враќање на производот ги поднесува потрошувачот.
Рефундацијата се врши со истото средство за плаќање што било користено при првичното плаќање, освен ако со потрошувачот изречно не е договорено поинаку и без дополнителен трошок за потрошувачот.
v) РЕКЛАМАЦИЈА ЗА ПОГРЕШЕН, ОШТЕТЕН ИЛИ НЕСООБРАЗЕН ПРОИЗВОД
Доколку сте добиле погрешен производ, производот пристигнал оштетен или сметате дека не одговара на договорените карактеристики, контактирајте нè на: info@momcozy.com.mk
За побрзо постапување испратете:
Фотографиите и видеото служат за побрзо разгледување на случајот и не претставуваат замена за вашите законски права.
vi) НЕСООБРАЗНОСТ НА ПРОИЗВОДОТ
Трговецот одговара за несообразност на потрошувачката стока доколку таа се покаже во рок од две години од предавањето на производот, освен ако е договорен подолг рок. Потрошувачот треба да го извести трговецот за откриената несообразност во рок од 60 дена од денот кога ја открил.
Кога производот не е сообразен, потрошувачот може, под условите определени со закон, да бара бесплатна поправка или бесплатна замена. Поправката или замената треба да се изврши во разумен рок и без значителни непријатности за потрошувачот, а законскиот максимален рок е 30 дена од преземањето на производот. Трошоците неопходни за доведување на производот во сообразност, вклучително применливите трошоци за транспорт, се на товар на трговецот.
Во случаите определени со закон, потрошувачот може да бара и сразмерно намалување на цената или раскинување на договорот, особено кога несообразноста не е отстранета во соодветниот рок, повторно се појавува или е од таква природа што ги исполнува условите за овие правни средства.
vii) ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОР
Потрошувачки приговор можете да поднесете по електронска пошта на info@momcozy.com.mk или да нè контактирате на: +389 75 944 644.
По електронски поднесен приговор, потрошувачот треба да добие потврда за прием на траен носач. Momcozy Macedonia ќе одговори на потрошувачкиот приговор најдоцна во рок од 15 дена од неговиот прием, освен кога приговорот е непосредно разрешен. Одговорот треба да содржи информација дали приговорот е уважен, кратко образложение и, кога е применливо, предлог за начинот и рокот за разрешување.
Поднесувањето и постапувањето по потрошувачки приговор не се наплаќаат.
viii) ОШТЕТУВАЊЕ ПРИ ДОСТАВА
Доколку при преземањето забележите дека транспортната амбалажа е значително оштетена, препорачуваме тоа да го пријавите кај доставувачот и да направите фотографии пред отворањето.
Ако по отворањето утврдите оштетување, погрешен производ или недостиг на дел од нарачката, контактирајте нè што е можно побрзо. Оваа препорака е наменета за полесно утврдување на фактичката состојба и не ги ограничува законските права на потрошувачот.
ix) ПРОИЗВОД КУПЕН КАЈ MOMCOZY ПРОДАЖЕН ПАРТНЕР
Ако производот е купен преку друго Momcozy продажно место, приговорот по правило се поднесува кај трговецот кој е наведен како продавач на доказот за купување.
Momcozy Macedonia останува достапен за информации и поддршка во врска со оригиналните Momcozy производи и, каде што е применливо, со гаранциската постапка.
x) ПОТРЕБНА ВИ Е ПОМОШ?
📧 info@momcozy.com.mk
📞 +389 75 944 644
Momcozy Macedonia🌸
Тука сме и по купувањето.